Вести Македонија

Кој ги кочи реформите во јавната администрација?!

Заглавени законски решенија, пробиени рокови, пасивни клучни одлучувачки тела, реализирани само половина од планираните активности – ревизорите со низа забелешки за реформите во јавната администрација. Највисокото политичко тело, Советот за реформи, за четитри години дури шест пати го менувал својот состав. Главниот филтер кој стои зад клучните одлуки и од кого се очекуваат насоки за реализација на проектите, последен пат се состанал пред околу година и половина, констаираат ревизорите. Резултатот е загрижувачки слаба реализација на планираните активности.

Вкупно планирани средства  за спроведување на мерките од Стратегијата изнесуваат 1.802.140 илјади денари, односно околу 30 милиони евра, при што најголемо учество од над 56% се обезбедени од фондови и инструменти на ЕУ. Од вклупно 205 планирани активности реализирани се само 106 активности, што претставува 52% реализација, констатира заводот за ревизија.

Кој е главниот кочничар на реформите во администрацијата? До одговорот е тешко да се дојде, без ИТ систем за следење, оценување и известување за реформските активности. Недостигаат информации и за патот на парите. Дали се наменски потрошени за реализација на стратегијата. Ревизорите констатираат застој и во носењето на клучните закони.

Роковите за донесување на клучните закони за спроведување на реформи во јавната администрација континуирано се одложуваат. Постапката за донесување на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници  и Законот за високо раководна служба е отпочната во  2019 година и истата сѐ уште трае, смета заводот за ревизија.

Во последниот извештај, ревизорите забележуваат и недостиг на документација за стратегијата во архивите на Министерството за информатичко општество и администрација, недоволна кадровска екипираност, односно чести кадровски промени. Лицата кои управувале со реформските процеси не се веќе дел од оваа институција. Ова е клучната реформа во евроинтегративниот процес, што ја диктира целата димамика во преговорите, бидејќи скринингот започнува со кластерот фундаментални вредности, чиј дел е и администацијата, прв се отвора, а последен се затвора во преговарачкиот процес.

Весна Јованова Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе