Вести Македонија

Забелешките на правобранителот нема кој да ги слушне – Собранието ги разгледува со една година задоцнување

Долги судски процеси, префрлање на одговорноста меѓу институциите, одолговлекувања во обвинителството…Ова се само неколку од проблемите во правосудството поради кои граѓаните побарале заштита од Народниот правобранител.

Во затворот во Идризово, службените лица од канцеларијата на правобранителот се третирани како обични посетители.

Опозициските пратеници побараа оставка од цела Влада, бидејќи за  три години, наместо на секои шест месеци, ниту еднаш не добиле извештај од Владата – какви мерки се преземаат по укажувањето на Правобранителот. Насер Зибери побара навремено реагирање и од пратениците.

Иако претставките на граѓаните не изгубиле од својата актуелност, во Собранието се чека нов извештај од правобранителот за 2022. Овој извештај се однесува на 2021-ва и е поднесен пред точно една година.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе