Вести Македонија

Скратен материјал за државна матура или бојкот на наставата – на средношколците им „дојде преку глава“

Средношколците револтирани од образовниот процес. Ковидот, дојавите за бомби, онлајн наставата се само дел од пречките за квалитетна настава. Од пред зградата на МОН побараа кратење на материјалот за државната матура и бесплатен јавен превоз. Средношколците со услов до министерството да им излезе во пресрет и да им ги исполни барањата. Во спротивно, се заканија со бојкот на наставата и на државната матура.

Од министерството за образование и наука (МОН) тврдат дека средношколците биле запознати дека полагањето на државна матура ќе биде со скратен материјал.

„Материјалот за полагање државна матура во учебната 2022-2023 година веќе е прилагоден согласно сите случувања во изминатиот период, односно намален е поради вонредната состојба предизвикана од пандемијата со ковид, како и поради заканувачките дојави во училиштата. Тој ги содржи исклучиво најважните информации и податоци кои учениците ги совладале во сите четири години од средното образование и учениците се запознати со тоа“, велат од МОН.

Но, освен со државната матура, средношколците имаат проблем и со јавниот превоз. Учениците кои одат во приватни училишта немаат право на бесплатен јавен превоз. Сега, Сојузот на средношколци изготви предлог закон кој веќе е доставен до Собранието и бараат пратениците да го изгласаат , за бесплатниот јавен превоз а важи за сите средошколци.

Најголемиот проблем во образовниот систем е во организацијата на наставниот кадар во училиштата, смета професорот Горан Главинац. Вели не се мотивирани ниту учениците, ниту наставниците.

Средношколците треба да полагаат државна матура на 27-ми мај, а државната матура е услов за сите кои сакаат да се запишат на факултет.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе