Вести Македонија

Шукова во Топ Тема: Ќе се градат депонии во пет региони низ Македонија – негодување за депонија има од Свети Николе

Македонија има добиено заеми за изградба на депонии во пет региони. Полог, Југозападен дел, Пелагонија, Југоисток и Вардарски регион. Министерството за животна средина веќе има подготвено документација според ЕУ стандарди за Полошкиот регион, каде централна депонија ќе биде Русино, но само за следните пет години, затоа што оваа депонија нема капацитет да собира повеќе отпад над пет години, вели министерката за животна средина каја Шукова во интервју во вечерашната Топ Тема. Додава дека со истиот тој заем ќе се работи паралелно и на депонии во Пелагонија и Југозападниот дел, каде централна ќе биде во општина Новаци, додека за југоисточниот и вардарскиот регион се уште немаат подготвена соодветна документација и на тоа се работи, затоа што за последните два региона има обезбедено грант пари и документите допрва ќе се спремаат.

Она што најпрво ќе се обезбеди е основна инфраструктура, тоа значи трансфер станицви, централна депонија и опрема за општштините.

Најголем проблем се јавува во источниот и североисточниот регион, каде негодува општина Свети Николе, и тој проблем мора да се реши , вели Шукова. Додава дека направената студија за градба на депонија во овој регион од Македонија покажала дека најсоодветна е општината Свети Николе, и таа мора да соработува, во спротивно државата правно може да и ги одземе ингеренциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе