Вести Македонија

Прифатен предлогот на обвинителството – Кривичен одреди 30 дена притвор за двајцата киднапери на внукот на Љубе Бошковски

Кривичен го прифати предлогот на обвинителството и им определи 30-дневен притвор на двајцата киднапери на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски. Двајцата скопјани од викендот беа под лупата на обвинителството кое од денеска и официјално и отвори истрага против нив.

„Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази“, информираат од обвинителството.

Притворот за нив се бараше поради сомнеж дека може да избегаат, да уништуваат докази или да влијаат врз сведоци. Дали имало и други инволвирани во грабнувањето и дали двајцата осомничени дале некакви информции околу тоа каде е Костадиновси од обвинителството не откриваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе