Вести Македонија

Ковид пандемијата го зголеми и сајбер булингот – анализите на НВО покажуваат дека децата се занемарени од родителите

Врсничкото насилство се зголемува меѓу младите, во штипските основни училишта за неколку месеци регистрирани се два случаи, едно од децата било малтретирано од свој врсник во автобус кој ги превезувал од дома до училиштето.

Истражувањата на невладината ЕХО покажуваат дека по пандемијата предничи сајбер булингот, но и психичкото насилство меѓу тинејџерите, кои ја имаат изгубено смислата за другарство.

Со постери, стрипови и пораките „Прекини го молкот, пријави насилство“, „Не биди онлјан насилник“ од најголемото штипско училиште почнаа едукативните предавања на тема булинг, а во  која учествуваат претставници од општината, полицијата и невладината ЕХО.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе