Вести Свет

Првата 3Д печатена ракета на пат кон орбитата

Американската вселенска компанија „Релативити Спејс“ (Relativity Space) планира да лансира 3Д испринтана ракета „Теран 1“ од Кејп Канаверал, Флорида, прескокнувајќи ги планираните тестови со што таа ќе стане најголемиот тридимензионален печатен објект што ќе се обиде да лета во орбитата.

Ракетата е висока околу 35 метри, што ја прави една од најмалите орбитални ракети, а 85 отсто од масата е направена со помош на 3Д печатач. Таа има капацитет на носивост до 1.250 килограми во орбитата на Земјата, а компанијата наплаќа 12 милиони долари по лет.

Но „Теран 1“ на својот прв лет нема да носи никаков товар. Доколку стигне до вселената, летот ќе се смета за успешен. Компанијата одлучи да го прескокне последниот планиран тест (статичен оган), во кој ракетните мотори се палат додека ракетата е прикачена на земјата, и реши веднаш да продолжи со лансирањето.

Плановите на „Релативити Спејс“ се овозможување на изградба на индустриско општество на Марс, но нивната ракета е премала за да стигне до Црвената планета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Дејан Дејан

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Дејан Дејан

Двојните избори ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе