Вести Свет

Новиот шеф на кинеската дипломатија ги обвини САД дека со провокациите драматично ги влошуваат односите меѓу двете држави

Кинескиот министер за надворешни работи оцени дека односите меѓу САД и Кина сериозно се влошени, предупредувајќи на можен конфликт меѓу двете држави.

„Соединетите држави ја сметаат Кина за својот главен ривал и најголем геополитички предизвик. Тоа е како кога првото копче на кошулата ќе го закопчите погрешно“ – изјави Квин Ганг, поранешниот Кинески амбасадор во САД, на првата прес конференција како шеф на дипломатијата на официјален Пекинг.

Квинг Ганг одговараше на прашањето дали здрави односи меѓу Кина и САД се можни, заради зголемувањето на разликите меѓу двете држави и тензиите меѓу нив.

„Соединетите американски држави повикуваат на поставување „заштитни огради“, но тоа што всушност го посакуваат е Кина да не реагира со зборови или постапки кога ќе биде провоцирана“ – додаде Квин Ганг.

Тој ја предупреди админстрацијата на Бајден дека ако продолжи да се движи по погрешниот пат, ниту поставените „заштитни огради“ нема да успеат да го спречат излетувањето на возот од шините и избувнувањето конфликт и судир меѓу двете држави.

„Кој ќе биде одговорен за катастрофалните последици во тој случај?“ – праша кинескиот министер за надворешни работи.

Односите меѓу САД и Кина дополнително се влошија по скандалот со ткн шпиунски балон кој беше соборен над американската територија.

Пекинг призна дека балонот бил кинески но станувало збор за цивилно летало кое ја напуштило својата траекторија.

Според Вашингтон, скандалот со шпиунскиот балон е јасно прекршување на американскиот суверенитет.

Односите меѓу Кина и САД се влошија откако поранешниот американски Претседател, Доналд Трамп започна трговска војна со најголемата држава во Азија во 2018-тата година.

Двете супер сили се судираат и за бројни други прашања, како Тајван, кинеската милитаризација во регионот на јужното  кинеско море, како и избувнувањето на Ковид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе