Вести Македонија

Заглави изборот на член во комисијата која треба да оцени дали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ треба да го смени името

По принципот на брзи прсти, во владата се чека чие име за член на Комисијата за употреба на имиња, дали тоа од МАНУ или од Министерството за култура ќе стигне прво до неа, за да може веднаш да го назначи, со цел да се фатат роковите според кои министерот за правда до средината на март треба да донесе одлука дали ќе се брише од регистерот на здруженија и фондации Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола.

На само 12 дена пред истекот на рокот до кога Комисијата треба да го даде своето мислење дали името на Иван Ванчо Михајлов може или не да се употребува, таа се уште ги чека двата нови члена за да може да почне со работа. Изборот на новите членови е заглавен на половина пат.

Тела на МАНУ пред неколку дена го одобриле новиот предлог за вториот член на Академијата во Комисијата, професорот д-р Сашо Цветковски, чија научна обаласт е историја на уметност со археологија, но неговото име се уште не е доставено до Владата, а како можна пречка за тоа се наведува штрајкот на администрацијата на МАНУ.

Професорот Цветковски треба да дојде на местотo на академикот Живко Попов кој веднаш се повлече од Комисијата штом беше назначен од владата.

Министерството за култура пак се уште е во потрага по ново име кое ќе го пополни местото на Министерството во Комисијата, откако од неа се повлече Анотонио Павловски. Како што дознава Телма, иако во Култура биле споменати неколку имиња, се уште не се знае кое конечно ќе и биде доставено на владата за назначување.

Во меѓувреме Комисијата која во моментов има само три члена не може да свика конститутивна седница и да избере претседател, а не пак да носи одлуки за употреба на имиња. За такво нешто и е потребен барем уште еден член, кој засега никако да го добие.

Според имените на Законот, здруженијата и фонациите имаа три месеци рок да постапат и да го усогласат своето име согласно законот. Доколку не го направат тоа одлука за нивно бришење носи министерот за правда по претходно добиено негативно мислење добиено од Комисијата за употреба на имиња.

Рокот до кога Комисијата треба да му достави мислење на министерот за правда за називот на Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола истекува на 15 март.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе