Вести Свет

Србите на митинг против западниот план за Косово

Стотици српски граѓани се собраа во Белград, барајќи претседателот Александар Вучиќ да го отфрли планот на Западот за нормализирање на односите со отцепеното Косово и да се повлече од преговорите.

Извикувајќи „Предавство“ и носејќи транспаренти на кои пишува „Нема предавање“, десничарските демонстранти го блокираа сообраќајот додека се собираа во близина на зградата на српското претседателство во центарот на главниот град.

Протестот доаѓа во време кога претставниците на САД и Европската унија посредуваат во изнаоѓање решение за долгогодишниот спор меѓу Србија и Косово, поранешна српска покраина чијашто независност прогласена во 2008 година, Белград не ја признава.

Западот стравува дека Русија би можела да ги искористи тензиите во Косово за да се обиде да го дестабилизира Балканот и да оттргне внимание од инвазијата на Украина.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак претходно изјави дека е подготвен да го разгледа планот на Западот.

Неговите одредби не се објавени, но, наводно, предвидува дека Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународните институции, вклучително и Обединетите нации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе