Вести Свет

По земјотресот, следува хуманитарна катастрофа – ОН со апел за итна помош

Локалните болници во погодените градови од земјотресот во Турција повеќе немаат капацитет да ги третираат преживеаните. Медицинските лица раскажуваат за страшните повреди на кои сведочат – ампутации, гангрени и скршеници, но и бројни т.н. анонимни деца. Тоа се деца кои се најдени под урнатините, но не знаат дали имаат некој близок преживеан. И докторите велат дека се бездомници..многу од нив спијат во некој слободен агол од болниците.

Додека потрагата по прежиевани се ближи кон крај, багерите чекаат да ги исчистат рушевините и она што сега ќе биде најпотребно е хуманитарната помош. Уште од првиот ден, помошта пристигнува во Турција, но не и во северозападниот дел на Сирија, која е разурната и од граѓанската војна. Од тука веќе неколку дена не пристигнуваат вести за преживеани. И тука болниците ги вдомуваат децата кои останаа сами по земјотресот.

„Мајка ми, татко ми, сестра ми и другите сестри, сите умреа. Кој остана? – Само јас и Абдо“, вели петгидишната Џинан ал Сири. 

Болниците се преполни, а докторите работат и по 120 часа без одмор.

„Повредите се сериозни и потребна е интензивна медицинска нега. Потребни ни се машини, лекови, немаме доволно луѓе за да се справиме со сите повредени. Многу од пациентите имаат скршеници од притисокот од таваните кои се урнале врз нив“, изјави Мохамед Јусуф, студент по медицина.

Без покрив над главата останаа 350.000 луѓе по разорниот земјотрес во Алепо и Латакиа. Потребни се големи ресурси за да се згрижат овие луѓе. Додека помошта стигне, незбежни се и новите зарази, затоа што условите за живот не се нормални, предупредија од Светската здравствена организација (СЗО).

„Постои ризик од заразни болести, повторно, поради пренатрупаноста, поради ова нарушување на водоснабдувањето и канализацијата. Веќе имавме веќе постоечки епидемии на колера и сипаници. Затоа, работиме на зајакнување на нашата контрола на заразните болести“, истакна Ричард Бренан, директор на СЗО за блиско-источниот регион. 

ОН побараа да не се политизира помошта и во овие моменти да се дозволи влез на камионите. Од вчера, сириската влада отвори уште два премина за да се забрза пристигнувањето на помошта…Но, гневното население вели дека сега е доцна.

Алиса Шакири Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе