Вести Македонија Топ вести

Средношколците кончено безбедно стигнаа дома, но не можат да ги заборават потресните сцени на кои посведочиле

Сега се дома покрај своите семејства сите деветмина македонски државјани кои беа затекнати во Турција за време на земјотресот. Осумте средношколци и нивниот наставник-ментор се во добра здравствена состојба.

Таткото на 17-годишниот Шкмбор, Ајет Беџети од Тетово, вели дека за земјотресот дознал од медиумите, по што во комуникација со другите родителите, разбрал дека децата се живи. Неговиот син се здобил со многу лесна повреда од стакло при бегање од гужвата, но траумите од доживеаното се многу поголеми.

„Тој немаше ништо, кажува дека над глава му паднале ситници од прозорци. Паника голема има, и кога одмара малку, леле татко не ми излегува од мисли, после муабетот- како што сум гледал“, вели Беџети.

Освен од Тетово имаше и ученици од неколку места во општина Маврово -Ростуше, кои утрово пристигнале со автобус во Гостивар. Џевад Сефери, родител на едно од децата, вели дека Амбасадата многу помогнала децата да бидат безбедни и да се вратат во земјава. Ги извлекле од градот каде престојувале Кахраман Мараш, со возила до Анката од таму до Истанбул па до Македонија.

„Гледавме на интернет, знаевме каде се наоѓаат децата, првично контактиравме со Амбасадата, зашто во градот немавме контакт со децата, потоа добивме информација од едно од децата дека сите се живи, здрави, добри се и така цел ден контактиравме со Амбасадата постојано, тие излегоа многу во престер ги извлекоа децата и ги вратија дома“., вели Џевад Сефери, родител. 

Учениците и нивниот ментор за Турција заминале на 3 февруари, преку Еразмус плус програмата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе