Вести Македонија Топ вести

Пожарникари и лекари кои заминаа да им помагаат на преживеаните, за Телма сведочат за ужасите во Турција

Разурнати објекти, луѓе во шатори на минусни температури под отворено небо кои бараат кебиња. И оние кои се уште имаат покривот над глава немаат греење а некои немаат ниту струја, ова е сликата што ја пренсува за Телма Влатко Ужевски, македонски лекар кој од вчера е во Газијантеп преку проектот Хоуп заедно со други медицински лица но и спасувачи.  Едните извлекуваат луѓе од под урнатините, а тој и неговиот тим им помагаат на преживеаните да закрепнат

  • Минатата ноќ извадија 5 живи луѓе кои биле затрупани ама преживеале. Моментално имаме тим во друг град североисточно од Газиантеп, тим со две спасувачки кучиња и луѓе што пребаруваат преживеани. Распропстранети сме во повеќе граодви. Во Газиантеб од синока посетив неколку шелтери за жал шелтерите се во шатори на отоврено во стадиони. Температурата беше -11 може да замислите како им е на луѓето да преноќат на таа температура, вели д-р Влатко Ужевски, македонски лекар во Газиантеб

Низ очите на оние што се на лице место уште пострашно изгледа размерот со кој оваа природна катастрофа ја погодила Турција. Сепак Ужевски оценува дека со оглед на големиот импакт што го имал разорниот земјотрес Турција успева да се организираа на повеќе нивоа . Од изградба на патиштата кои биле уништени до отворање на хотелите на југот за да можат да се сместат жителите што останаа без покрив.

Ужевски раскажува дека глетката во Караманмараш е многу пострашна од Газијантеп. Таму се  припадниците на АРМ кои вчера пристигна и се ангажирани за пребарување и извлекување на преживеаните од урнатините

Денеска уште 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини тргнаа за Турција.

Во најпогодените области од вчера се и 40 спасувачи организирани од Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се во Адијаман како дел од операцијата за пребарување и спасување, информираа од ДЗС. Во близина е и вториот тим со 32 припадници на републичките сили за заштита и спасување.

Од Адијамен се јавија и 8-те пожарникари спасувачи дел од тимот на ДЗС кои сведочат за страшните последици кои зад себе ги оставил земјотресот во овој град кој велат е целостно разурнат

Во Турција треба да отпатуваат и здравствени работници. Досега се пријавиле 320  доктори сестри и друг медициснки кадар  но кога ќе тргнат од министерството за задравство велат дека се во комуникација со турската амбасада и допонително ќе информираат.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе