Вести Македонија Топ вести

Извршена хирушка интервенција врз еден од двајцата повредени македонски државјани во земјотресот во Турција

По стравичниот земјотрес на југоистокот на Турција, што се случи рано утрово, на лице место се упатил дипломат од нашата амбасада во Анкара, а биле ангажирани и од генералниот конзулат во Истанбул. Така е дојдено до бројката од девет наши државјани- наставник и 8 ученици кои заминале преку програмата „Еразмус плус“, а биле на локациите зафатени од природната катастрофа. Биле комуницирани и нивните семејства, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Двајца се повредени , едниот со потешки повреди , на кој што е направена хирушка интервенција. Веќе верувам дека во меѓувреме се пристигнати нашите допломати таму и ќе имаме поточни информации со кои ќе реферирам на Влада“, изјави министерот за надоворешни работи, Бујар Османи.

Ученикот на кого му била извршена хирушка интервенција е подготвен за патување и заедно со групата ќе биде упатен назад  кон Македонија, штом дипломатот од амбасадата во Анкара пристигне на лице место.

На попладневната вонредна средница на владата, од МНР ќе реферираат околу информациите што ги добиваат од терен и ќе се предложи директна помош за Република Турција и координација за таа помош, дополни Османи.

Романски и холандски спасувачи први на пат за Турција додека светот жали и сочувствува со жртвите

Претходно, директорот на нашата Национална агенција за образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски за Телма изјави дека учениците кои заминале во Турција преку програмата „ Еразмус плус“, се средношколци од општините Тетово, Гостивар и Маврово/Ростуше. А, градоначалникот на Маврово/Ростуше потврди дека четири лица заминале во Турција од неговата општина и дека чекаат евакуација од погоденото подрачје.

„Од досегашните контакти сите се живи и здрави и чекаат да стигне превозното средство кое од амбасадата во Анкара е тргнато на пат до нив за да ги евакуираат и се очекува пред полноќ да стигне таму“, вели Медат Куртовски, градоначалник на Маврово/Ростуше.

За сега нема информации за други наши државјани кои се загрозени од земјотресот, или на кои им е потребна асистенција, кажаа денеска од МНР преку соопштение.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе