Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени тројца државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница.
Телма дознава дека станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи, кои се сега во притвор.
На сајтот на македонското МВР до фотографијата на Красниќи пишува и дека тој зад решетки треба да помине уште три години и три месеци.
Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница.
Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.
- „На 17.10.2023 година околу 00:30 часот, во Подрачната полиција на Урошевац било пријавено дека има истрели од огнено оружје во кафеана во центарот „The Village Shopping & Fun“.
Полициски патроли веднаш излегле на местото на настанот, кои дознале дека по тепачка, едно лице со огнено оружје (пиштол) пукало во друго лице, додека тие биле вклучени во тепачка и тројцата пријавени заминале во непознат правец. Инспекторите и регионалните форензичари по овластување на државниот обвинител по увид на местото на настанот започнаа увид и трага по осомничени. На 03.05.2024 година околу 23,43 часот, полициски екипи на Единицата за брз одговор (ЕРСУ) и Единицата за наркотици на улица „Астрит Битиќи“ во Урошевац сопреле автомобил „ауди“ со регистарски ознаки на Северна Македонија. При легитимирање на лицата и претрес на автомобилот пронајдени се три огнени оружја (пиштоли) и количина муниција. Додека четири лица се спроведени во полициска станица, поточно во Регионалниот сектор за истраги поради сомнение дека се барани лица, инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година:
– А.К., маж, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 45 години, осомничен за „убиство во обид и учество во тепање.
– С.Р., маж, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 40 години, осомничен дека учествувал во тепањето.
– Ф.Т., маж, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 40 години, осомничен дека учествувал во тепањето.
Во меѓувреме, лицето Б.К., машко, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 42 години, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Северна Македонија.
Осомничените, по извршениот разговор од подрачните истражители, по решение на државниот обвинител, добија 48 часа притвор за други истражни постапки и други постапки за екстрадиција на лицето кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението на косовската полиција.
Полициски единици вчера околу полноќ запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац, при што при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и одредена количина муниција, објави Контактплус.
Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.
По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението.