Вести Македонија Топ вести

Се спремаа за нови блокади, па се предомислија – Приватните превозници утре на средба во град Скопје

Има линии на автобуси што воопшто ги нема, а оние кои возат се многу ретки, се жалат граѓаните. Премрзнати чекаат и со часови на автобуските постојки, а тоа им прави дополнителен проблем затоа што доцнат на своите работни места, училишта и домови. Бараат надлежните час поскоро да ја решат оваа состојба.

За приватните превозници оваа безизлезна ситуација трае предолго. За вторник веќе пријавиле протест и нови блокади кај Автокоманда, Веро Џамбо и мостот Обединети нации. Но, утринава одлучија да го стават протестот во мирување, бидејки добиле ветување – утре ќе седнат на маса со градоначалничката Арсовска. Оваа средба во град Скопје за Телма ја потврдија и од кабинетот на Арсовска.

Но, пред само неколку дена првиот човек на градот беше дециден дека средба нема да има.

По ова, вработените одлучија дека треба да изберат ново тело за преговори, во кое нема да бидат првите луѓе на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ Ленин Јовановски и Милорад Димитриевски.

Ни на денешниот протест не дојдоа директорите на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои со месеци им даваа поддршка на превозниците и ги водеа преговорите за да им се исплати милионскиот долг. Утрешната средба во градот Скопје ќе одлучи дали во вторник скопјани ќе се соочат со нови блокади.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе