Вести Македонија

И оние кои не се медицинари се прават поголеми доктори од докторите – многу од луѓето одбиваат да ги вакцинираат децата против сипаници

Никакви лоши статистики ниту гласни апели од надлежните, не ја сузбиваат скепсата кон вакцинацијата кај населението.

Опасноста од зараза со мали сипаници виси над регионот. Србија, Црна Гора и други држави се пред прогласување на епидемија. Ниту Македонија не е далеку од тоа.

Второто полугодие започна, со тоа се зголеми и опасноста, а процентот на вакцинација каска зад потребниот опфат, за да бидеме безбедни од повторно враќање на заразата.

„За да бидеме заштитени, процентот на вакцинирани треба да изнесува 90 до 95 отсто, а ние ги гледаме какви се бројките. На територија на целата држава во 2021 година опфатот на вакцинација изнесува 70,4% со прва доза, а со втора доза 80,4%. Овие проценти директно доведуваат до опасност од појава на морбили. веќе постојат регистрирани случаи во соседна Србија и поради блискоста во регионот и други фактори, постои опасност од појава на морбили и во нашата држава“ изјави Д-р Соња Ралева, специјалист по општа медицина во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Доктор Ралева вели дека има активности како „Недела на имунизација“, но никогаш не е доста од јавни кампањи.

Населението одбива, а парадоксот на статистиките е што големите градови убедливо губат од селата и помалите места кога станува збор за опфатот на имунизација, иако нема никаков доказ дека вакцините се штетни.

Оние кои не учеле медицина се прават поголеми доктори од докторите, а зошто е тоа така – анализира микробиологот Никола Пановски.

„Уште поголема е скепсата од вакцинација дури и за овие докажани вакцини како што е вакцината против морбили, особено кај „интелектуалните кругови“. Таму степенот на вакцинација е обратнопропорционален со образованието на граѓаните. Општината каде што јас живеам и општината преку улица – тоа се Центар и Карпош, тогаш кога беше епидемијата на морбили имаше најмал опфат на вакцнирани деца, а тие се сметаат како најинтелектуални општини“ смета проф. д-р Никола Пановски, микробиолог.

Во 2019 година беснееше епидемија на мали сипаници низ Македонија. Тогаш, Институтот за јавно здравје запиша 1.901 заразен, а четири деца починаа од последиците.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе