Вести Македонија

Македонија е лидер во светот по потрошувачка и најниска цена на цигари

По рекордите што Македонија ги рушеше во загаден воздух, сега сме во топ 10 во светот и според бројот на пушачи и вкупниот број на испушени цигари. Анализите покажуваат дека, речиси, половина од возрасните луѓе во Македонија користат тутун. Но, рекордот не го држиме само во зголемениот број на пушачи, Македонија е држава и со најниски цени на цигари во регионот.

Според Аналитика, еден од факторите за да се намали пушењето е враќање на примената на законот од 2010 година, во кој целосно се забрануваше пушење во затворени простории.

Додека светот ги затега забраните за пушење, во Македонија чадот од цигарите го има насекаде. Миризба и чад во, речиси, секој угостителски објект, откако газдите решија да го изиграат и да профитираат од законот за заштита за пушење.

Македонија на хартија има релативно добар закон, каде се забранува пушење во сите јавни простории. Но, законот дозволуваше само надвор од објектите, на терасите или летните бавчи. Проблемот настана во 2018 година, кога на власт дојде владата на СДСМ и го тргна членот од законот во кој јасно се дефинираше што е тераса, односно каде смее да се пуши.

Затоа во изминатите пет години, секој слободен простор од угостителскиот објект стана тераса или летна бавча, која во зима е целосно затворена со метални конструкции и стакла и буквално е споена со останатиот дел од објектот. Ова практично значи дека целиот простор е исполнет со чадот на тие што пушат цигари, а летните тераси ги „избркаа“ непушачите од рестораните и кафулињата.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе