Вести Македонија Топ вести

Алијанса размислува за ресорите правда и здравство

Алијанса за Албанците сè уште не преговара за влегување во Влада, но добила понуда за двајца министри, двајца заменици и повеќе директори. Партијата не демантира дека добила ваков предлог, но го нарекува „почетна позиција со која наредната недела ќе почнат сериозни разговори“.

Порталот Тетовасот ексклузивно објави дека Алиjанса од Владата добила две понуди – првата е да го преземат раководењето со министерствата за правда и за здравство, двајца заменици министри и директори во Фондот за пензиско, Македонска пошта, Матична евиденција, Државен правобранител и Железница. Доколку Алтернатива одбие да остане во Влада, Алиjанса треба да го преземе и Информатичко општество и сите директорски места што ги држи партијата на Африм Гаши.

Претседателот на Алиjанса, Арбен Таравари, кусо одговара дека  „сè уште ништо не е дефинитивно“. Одлуката ќе ја носат партиските тела на утрешната седница на Централното Собрание. Велат дека ќе се раководат од можноста за обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени.

Премиерот Ковачевски повторува дека нема конкретни разговори, но соработката со Алијанса ја гледа на две основи: програмско-политички и кадровски.

Алтернатива, која изминативе месеци се противи на зголемувањето на бројот на владините партнери, ќе соопшти став откако Владата ќе даде официјална информација.

Министерот за правда, Никола Тупанчевски нема информација дали се разговара за негова замена, но очекува можност да продолжи со проектите на кои работи цела година.

Министерот Бујар Османи бара да се тргнат на страна дневно-политичките калкулации и да се направи широк политички фронт за иднината на земјата. Потсетува дека не можеме да избегаме од обврската за уставни измени кои треба да завршат до ноември.

За отварање на Уставот се неопходни 80 пратенички гласови. Алијанса може да ја зголеми поддршката на Владата за осум гласа од сегашните 64, кои ги вклучуваат и несигурните „Огнени“,  но нема да го обезбедат потребното дво-третинско мнозинство.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Нови тензии на Токсикологија

Дејан Дејан

Осигурителните фирми се тие кои треба да одлучат дали ќе им бидат вратени парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе