Вести Македонија

Али Ахмети најде непријатели во медиумските редови, на листата и Телма, рече дека нема да го менува Груби

На трибината на ДУИ во Гостивар, зборуваше и претседателот на партијата Али Ахмети кој на листата непријатели ја спомна и Телма. Неговото обраќање беше дел од коментирањето на состојбата со огненената група, а целата ситуација била во интерес на непријателите на Албанците, оцени Ахмети и ја соопшти непријателската листа.

-На кого му вршиме услуга со овие движења што се прават? Сигурно дека на непријателите на Албанците. Ракоплескаат, Алфа, Телма, Мелма…што се тие. Што, што добија Албанците што се делеа во минатото. Ништо не добија, коментираше Ахмети, а видеото го објави на својот ФБ профил ТВ 21.

Таканаречената огнена група во ДУИ која ја предводи партискиот потпретседател и пратеник Изет Меџити заедно со Муса Џафери го критикува актуелниот министерски состав на партијата, особено првиот владин вицепремиер Артан Груби дека ниту се борат за гласови ниту ги исполнуваат ветувањата за граѓаните Албанци,

Тие почнаа со дебати и турнеја по Македонија, на што возврати и функционерскиот состав на ДУИ заедно со претседателот Али Ахмети кои што денеска имаа партиски настан во Гостивар. Лидерот на интегративците посочи повеќе медиуми како непријателски, но и го одби барањето на „огнените“ за смена на Груби од владата.

-Десет години бараа смена на Муса Џафери, но јас не сум го сменил затоа што тоа било волја на мнозинството. Абдилаќим упорно бараше да го сменам, но јас не сум го сменил затоа што беше таква волја на мнозинството. Сега бараат да го сменам Артан Грубин, но не го менувам., Таква е волја на мнозинството. Генералниот совет одлучи. Слушнете дека велат „произволно било одлучено, генералниот совет не гласал“. Ако еден човек не гласал во генералниот совет не значи дека Артан го нема легитимитетот. И јас сум се борел за поинакво мислење, но двајца или тројца не може да ја сменат ситуацијата, рече Ахмети во Гостивар.

По „oгнените“ и функционерите од извршната власт на ДУИ на чело со Ахмети тргна на средби со граѓаните – Од Чегране и Битола нови пораки

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе