Вести Македонија Најважни

По „oгнените“ и функционерите од извршната власт на ДУИ на чело со Ахмети тргна на средби со граѓаните – Од Чегране и Битола нови пораки

Али Ахмети, Талат Џафери Артан Груби и министри на ДУИ во гоствиарско Чегране.  Изет Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери и останатите од т.н Огнена група во Битола. Фукционерите на ДУИ од две различни страни испратија различни тонови на синоќешните средби со граѓани.

Првите ги истакнуваа постигнувањата, вторите со критики за претставниците од ДУИ во извршната  власт.

Половина од министрите во владата се Албанци а  нивната работа е симболична, рече потпретседателот на ДУИ Изет Меџити пред партискиот огранок во Битола.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа пак Меџити испрати уште една директна порака и до Ахмети да биде претседател на сите во партијата како порано а не да фаќа страна .

Во случајот впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, и Ахмет е како заштитник на тој клан. Мислам дека треба да се врати на првобитната позиција претседател на Демократската унија за интеграција…Во случај кога ќе фати страна, тоа не личи на претседателот или на таткото во партијата, а не сакам во никој случај така да го гледам Али Ахмети“ – вели Изет Меџити.

За оние од другата страна, конкретно вицепремиерот Груби и министерот Османи, Меџити ги нарече последните војници на Груевски.

Лидерот на партијата пак од вчера тргна во на турнеја со функционерите од извршната власт и испрати порака дека не сака ултиматими

„Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант, или водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите…. Не може да ми се наметне ултиматум или програмска линија со платформи бидејќи за нив одлучува конгресот и јас ги спроведувам тие одлуки и одговарам на конгресот“ – тврди Ахмети.  

Првиот интегративец му одговори на Меџити и за минатонеделната пораката да не го пали јорганот за неколку болва.

„За една болва не се кршат керамидите, не се урива кровот на куќата“ – додава Ахмети.

Според аналитичарот Сефер Селими сега двете страни битката ја водат пред галасчкото тело за да го убедуваат кој е во право.  После сите случувања периодов Селими не е оптимист за можно помирување мегу двете групи. Напротив очекува едната да ја напушти партијата.

Иако јавно сите негираат дека ова е битка за наследник на Ахмети, Селими смета дека токму таму треба да се бара позадината за судирот во ДУИ

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе