Вести Македонија

Македонското претседателство подготвено за дијалог, но врз принципите на ОБСЕ

Македонското претседателство со ОБСЕ е подготено за дијалог со Русија, но првин мора да се вратат на принципите на ОБСЕ. Ова денеска во Виена го порача министерот Османи пред постојаниот совет на организацијата. Рече дека, принципите и обврските не можат да бидат предмет на преговори, додавајќи дека, работа на претседавачите е да се води организацијата во овие тешки времиња, но одговорноста за исполнувањето на приоритетите и програмата која им служи на луѓето ја споделуваат сите 57 земји членки.

Османи посочи дека мотото на македонското претседавање со ОБСЕ „За луѓето се работи“ произлегува токму од поставената цел, да се биде на терен и позитивно да се влијае на животот на луѓето. Украина е најголемиот приоритет, но високо на агендата ќе бидат и останатите конфликти, како и потенцијалните жаришта.

Приоритет на агендата на генералниот секретар на ОБСЕ е ослободувањето на тројцата службеници на ОБСЕ, кои се притворени пред седум месеци во Луганск и никој не знае каде се држат. Изјави дека ова е една од најтешките години во историјата на Организацијата, но дека верува во капацитетот и стручноста на македонското претседателство да се справи со предизвиците. Нагласи и дека организацијата бара начини да опстои и покрај недостатокот од консензус поради ветото од Русија.

Американскиот амбасадор во ОБСЕ му даде 100 отстотна поддршка на Османи. Рече дека има доверба дека македонското претседателство има капацитет да продолжи со лидерство, но порача и дека не се сами.

Првата станица на министерот Османи, како претседавач со ОБСЕ, ќе биде Украина. Таму заминува во недела, каде ќе се сретне со повеќе официјални личности, меѓу кои е и Зеленски.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе