Вести Македонија

Клиника Жан Митрев: Се гледаме на суд

Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев  за измама. Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе