Вести Македонија

Ќе се гради пат за Луковица со владини пари, но не се знае дали ќе бидат доволни за цела делница

Средствата за локален пат до тетовска Луковица, Министерството за транспорт и врски ги префрли на сметка на Општина Желино, за која, пак, досега не беше приоритет за да ги искористи парите добиени од Светска банка.

По 30 години, борба на жителите, се очекува на пролет да започне асфалтирањето, но за колку километри ќе бидат доволни одвоените 15 милиони денари ќе се прави проценка, поради варијацијата на цените на градежните материјали. Министерот Бочварски тврди дека ќе биде завршен поголем дел, додека за остатокот, градоначалникот Сејдиу, повторно ќе побара помош од Владата.

Одговорот на тоа колку од тој пат ќе се реализира, дали целиот, јас верувам поголем дел од делницата ќе биде реализирана, ќе го знаеме тоа до крајот на тендерската постапка, кога градежните фирмии  оперативи ќе ги дадат своите понуди, рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Министерот Бочварски за оваа година најави изградба на стотина километри автопатишта во земјава.

Ние оваа година започнуваме големи инфраструктурни проекти какви што немало во историјата на независна Македонија, можам да кажам, од преку 110 км автопатишта. И ова не е само зборување само на празни фрази и голи дискусии, туку на дело покажуваме како треба да работиме во делот на инфраструктурата и ако сме подготвени да изработиме преку 110 км автопатишта и тоа е делницата која ги интересира граѓаните на регионот, Тетово –Гостивар, Гостивар до Кичево, Требеништа-Струга – Ќафасан, и Прилеп – Битола тоа покажува дека оваа Влада и тoa како е подготвена да реализира големи капитални проекти, тврди бочварски.

За наделжните секоја година е историска кога станува збор за патиштата. Ветувањата се постојани, исто како и недовршените патишта, како патот Кичево – Охрид, кој се гради речиси 10 години.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе