Вести Македонија

И на загаден воздух ќе се пие греана ракија и ќе се пали бадникарски оган

Скопје не се гледа од загадениот воздух, а граѓаните не се откажуваат да го трујат. Иако сите носат маски затоа што надвор не се дише, сепак верниците ги сакаат бадникарски огнови.

Верските аналитичари апелираат граѓаните да размислат за палењето на огнови. Тие посочуваат дека таа традиција е од многу одамна кога луѓето немале толку можност за едукација, а сега е современо општество и треба да се прилагодуваме кон времето кое доаѓа.

Треба да се почитуваат советите на македонската православна црква кои укажуваат дека не е својствено вакво славење.-вели Цане Мојановски-поранешен директор на Комисјата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со апел до граѓаните да ги послушаат апелите на епископите на македонска православна црква, кои исто така имаат негативен став.

Традиција е она што еден народ го чини хомоген колектив, таа треба да се чува, истражува и негува. Македонскиот народ традицијата која произлегува од православието кое не определувало, секогаш ја имал како штит за својата вера, односно суштина. Најважно е да се чува суштината на празнувањето, на кој начин ќе ја осознава и чува одлучува народот кој го предводат епископите на МПЦ-ОА, вели Дарјан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

И еко-активистите не остануваат неми, посебно што во изминативе денови, главниот град не се симнува од првите пет места по загаденост во светот, а вчера вечерта беше и на првото место. Апелираат до тие што имаат повисока еколшка свест вечерва да останат дома затоа што воздухот ќе биде дополнително загаден.

Од Град Скопје се уште молк. Телма упати прашања и до нив да кажат за став, но досега нема одговор.

Апелите да не се палат бадникарските огнови ги има секоја година. Но, граѓаните не се откажуваат од бадникарската дружба која е придружена со богата трпеза и топла ракија. Оние кои одбиваат да го дишат загадениот воздух вечерва нека не ги отвораат прозорците.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе