Вести Македонија

„Космонатуко“ и Ленче Здравкин во Топ Тема за добивањето на државната награда „Мето Јовановски“

Двајцата добитници на  државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин беа гости во вечерашната Топ Тема на Телма. Иако доаѓаат од сосема спротивни средини и професии и двајцата ги обединува несебичноста и хуманоста, и кои на јавноста веќе неколку години им се добро познати.

Ленче Здравкин речиси една деценија им помага на мигрантите, во екот на најголемата бегалска криза ги отвори вратите на својот дом, ги хранеше и им помагаше на бегалците, а во исто време им помага и на совијално загрозени семејства.

Во вечерашната емисија Здравкин е горда на наградата, но најголемата сатисфакција ја добива токму кога им помага на тие кои имаат најголема потреба од помош.

Во ниеден случај, никогаш ништо не очекуваш, едноставно кога треба да тргнеш во некој поход, кога нешто треба да се случи, кога на некому треба да му пружиш помош не очекуваш никаква награда, рече таа.

Здравкин на бегалците им помага уште од 2013 година.

Самите почетоци ги почнав сама со многу малку, со она што го поседувавме по дома, меѓутоа требаше се повеќе и повеќе, видов дека не можам сама да опстанам, почнав да ги информирам луѓето. Сите беа скептици на почетокот но почнав да добивам помош, малку подоцна се вклучија УНХЦР, Црвениот крст, па потоа многу волонтери и цела Македонија, рече Здравкин.

Денис Јанкуловски, од друга страна, стана познат како „Космонаутко“, обидувајќи се да им помогне на дечињата да го надминат стравот од земањето брисеви за време на пикот на Ковид кризата.

Од почетокот знаев дека некако мора на друг начин сето тоа да биде направено со дечињата. Затоа што дефинитивно земање брис, тестирање, некој доаѓа во скафандер, нешто ново, нешто што не сме гледале освен на филмови, знае да биде многу стресно. А за да не биде стресно мора да се опушти детето, детето се опушта наједноставно ако се направи, да речеме, некоја приказна првенствено. И оној момент кој што за мене за секоја работа е дефинитивно битен, тоа е искрениот пристап, односно искрено детето да знае што ќе се прави, порача „Космонаутко“.

Јанкуловски откри и дека целиот тој период бил голем емотивен предизвик за него, никогаш нема да ги заборави неубавите работи, но се обидува често да се присетува на убавите.

Јас сум емотивен по природа, плус не може човек да не реагира или да биде без никаква емоција во било која работа што ја работи. Колку и да сакаме да ја потиснеме и да не изреагираме. Ги гледав сите тие страшно тажни моменти каде што, имаше моменти кога во една куќа со неколку семејства имаа изгубено по 6-7 блиски членови. Еден е премногу да изгубат, а не пак повеќе. Од друга страна јас имам ситуација во денот каде што треба да одам кај такво семејство, да земам брис од сопругата на која што само што ѝ јавиле дека починал сопругот, а од друга страна јас наредниот налог за брис ми е детенце што го чека консмонаутот. Значи штом јас ја впијам тагата од таа куќа, морам да излезам од таму и да се фокусирам за детенцето да види некој насмеан, некој што ќе му го направи денот, откри Јанкуловски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе