Вести Македонија

Приведени двајца млади штипјани- превезувале 12 мигранти

Денеска, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода А.Ј.(22) и М.Д.(19), двајцата од Штип, затоа што во товарното возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., а М.Д. бил совозач, биле пронајдени 12 мигранти (7 од Сирија, 2 од Египет и 3 од Пакистан), соопшти МВР.

Околу 13.10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај наплатна станица Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но тоа не застанало и продолжило со движење, но , набргу возилото било запрено. Лицата се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите.

А.Ј. и М.Д. биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе