Вести Македонија

Петровска во „Вин вин“: Ако било која институција или некоја од трите власти, затаи, тогаш настанува нарушување на целиот систем

Во врска со обвинувањата на опозицијата, министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата „Вин вин“ на Телма, посочи дека вложувањата во одбраната дали конвенционална одбрана или во други современи облици на одбрана е резултат на континуитет.

„За да имате легитмитет да коментирате треба да видите што вашата политичка партија направила. Моќта на една армија се рефлектира во тоа колку вложувате во неа. Ние транспарентно кажавме низ годините од 2010 па навака како се движел буџетот и од 2018 година како тој континуирано расте. Ако не сакате да бидете лицемерен политичар, кој вели дека наша стратешка определба се НАТО и ЕУ итн, треба да вложувате. Како сте ја подготвувале армијата за влез во НАТО, а буџетот паѓал“, рече Петровска.

Членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска рече дека во системот на функционирање на државата, ако било која институција или некоја од трите власти, затаи, тогаш настанува нарушување на целиот систем.

„Најлесно е да се впери прстот во извршната власт, но доколку сакаме ефикасен систем и борба против корупција треба да се детектираат сите слаби точки. Процесот на борба против корупција започнува со истрага, па следува обвинение, па пресуда. Ако се стигне до крајот и добиете ослободување или помилување за сторени сериозни кривични дела, паѓа довербата во целиот систем“, истакна министерката Славјанка Петровска во емисијата „Вин вин“ на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе