Вести Македонија

Железници транспрот исклучени од струја, за Клинички Владата испрати гаранција за подмирување на милионскиот долг

Железници транспрот остана без струја, на ред е Клинички центар. ЕВН утринава ја исклучи електирчната енергија во одредени делови на претпријатието, поради неплатен долг од над 6, 5 милиони евра. Без струја останаа депото во Лисиче,  Скопје, но  и објектите во Велес.

  • Рано утринава се исклучени мерните места на МЖ Транспорт. Без снабдување останаа сите делови кои се напојуваат од Електродистрибуција, соопштуваат од ЕВН.

Од претпријатието се надеваат дека проблемот ќе се надмине и струјата ќе се вклучи затоа што со исклучувањето на одредени точки,  во прашање се доведува работењето на целата железница.

За вицепремиерот Битиќи дадениот збор од Владата дека ќе се плати долгот ќе биде доволен за  струјата да не  биде исклучена.

Премиерот Ковачевски пак тврди дека Клинички нема да остане без струја, а одредени директори на институции добиле откази.

Во меѓувреме  на адреса на ЕВН пристигната е гаранција од  Владата дека ќе го  плати милионскиот долгот за струја на државните институции, на Клинички, Железница, судовите, факултетите,  затворите. Сите овие пред извесно време добија низвестувања дека ќе бидат сиклучени до системот доколку не најдат решение за пробелмот.

Долгот на „Мајка Тереза“  е над 7 милиони евра  во кои  се вкалкулирани  и фактори од ГОБ „8-ми Септември“. Сметките за струја не се плаќале повеќе од три години.  МЖ Транспорт пак е фирма која е на листата на загубари и подолго време има проблеми со финансиите.

Долгот за електрична енергија на државните и јавни иснитуции  е околу 40 милиони евра и преставува сериозна закана за функциуонирањето на енергетскиот систем во време на најголемата енергетска криза.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе