Вести Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Спасовски со свој потпис го назначил Бесфор Аме, кој одлежал затвор за криумчарење, на командирска позиција на ГБ Блато

Оливер Спасовски на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато назначил осудено лице кое веќе лежело затвор за криумчање и злоупотреба на службената положба. Оливер Спасовски наместо да се извини и да го разреши Бесфор Аме осуден криминалец со одлежан затвор, тој го штити, обвини денеска пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

Вчера објавивме, рече тој, дека со потпис на Спасовски, Бесфор Аме, дел од аферата “Милка” кој како полициски службеник овозможил криумчарење на стока од Македонија во Албанија е назначен на командирска позиција во РЦ Запад, ГП Блато. A Оливер Спасовски наместо да го разреши и понесе и самиот одговорност, се крие зад соопштенија.

„Имено сегашниот командир на ГП Блато, Бесфор Аме во 2013 година на граничен премин во оперативна акција е документиран, а потоа и обвинет и притворен, за на крај и осуден со казна затвор за криумчарење и злоупотреба на службената положба и овластување“, рече Кочевски.

Бесфор Аме е правосилно осуден, и истиот одлежал и 3 ипол години затвор, затоа што како полициски службеник бил дел од аферата “Милка” во која полициските службеници земале по 3.5 евра по килограм добиток за шверц на истиот преку граница од Македонија во Албанија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе