Вести Македонија

Министерот за Европа на Обединетото Кралство во посета на Македонија

Денес Министерот за Европа на Обединетото Кралство, Лео Докрти, ќе оствари еднодневна посета на Република Северна Македонија.

За време на неговиот престој во Скопје, министерот ќе го посети капацитетот на Џонсон Мети, една од најголемите инвестиции на Обединетото Кралство, заедно со заменикот на претседателот на владата, Фатмир Битиќи, и ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски,  претседателот на владата Димитар Ковачевски и заменикот на претседателот на владата Бојан Маричиќ.

Пред посетата Лео Докрти изјави:  „Ми претставува задоволство што за прв пат како министер за Европа на Обединетото Кралство ќе ја посетам Северна Македонија“.

„Нашите земји се блиски партнери и НАТО сојузници, со трговски односи кои се во постојан пораст. Со нетрпение ја очекувам можноста да ја истакнам посветеноста на Обединетото Кралство на нашите односи, вклучувајќи ја поддршката за реформската агенда на Северна Македонија.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе