Вести Македонија Топ вести

Сопругата на премиерот има бизнис со струја- Тоа е нејзина инвестиција, вели Ковачевски

Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски влегува во бизнисот со струја, таа е ко-сопственик во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“- фирма која планира да гради соларна електрана во Радовиш со јачина од 1,8 мегавати.

Како што објавија веб медиумот А1он фирмата пвеќе договорила зделка за земјиште во Радовиш кое е пренаменето од земјоделско во градежно земјиште за изградба на фотоволтаици.

Заедно со Елена Ковачевска во фирмата се и синот на нивниот кум, Кирил Паунов, сопругата на директорот на Катастар, Светлана Тунџева (фирмата Сол 5 има иста адреса со уште една фирма за производство на струја во сопственост на Тунџева) и уште две лица.

Премиерот Ковачевски денеска пред новинарите тврдеше дека во случајот нема судир на интереси,  бидејќи секој имал право да инвестира во државава.

„Тоа е пријавено во сите надлежни институции и во Антикорупциската комисија со сите потребни податоци и детали и сите тие податоци се јавно достапни.“, вели премиерот.

Тоа е нејзина инвестиција која ја има направено со свои сопствени средства. без моја помош, зошто би имала помош од мене во таа работа. Тоа е инвестиција која може секој граѓанин на државата да ја направи и голем дел на граѓани инвестираат средства во приватни компании.“ кажа Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

Таа влегла во бизнисот во 2020 година, кога тој не бил премиер, се брани Ковачевски.

Фирмата Сол 5 е отворена во октомври 2020-та, еден месец откако Ковачевски беше предложен за заменик министер за финансси односно Димитар првин станал државен функционер па неговата сопруга отворила бизнис во енергетскиот сектор.

Ковачевски со својот кум Горанчо Паунов ја основа фирмата Пиксел гроуп за производство на соларни панели. Премиерот кога стана државен функционер се откажа од уделот во Пиксел и за беспари му го предаде на кумот.

Сега сопругата на премиерот и кумашинка Елена Ковачевска има фирма за производство на струја заедно со Паунов помладиот кој фамилијарно исто така е кум на Ковачевски.

И синот на Зоран Заев веднаш откако наполни 18 години беше запишан во централниот регистар како сопственик на енергетска компанија. Заев помладиот стана сопственик откако таткото ја напушти премиерската функција.

Фирмите шемаџии кои лани се префрлиле на регулираниот пазар ќе си останат таму, Владата со парцијално решение за скандалот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе