Uncategorized Вести Македонија Најважни

Фирмите шемаџии кои лани се префрлиле на регулираниот пазар ќе си останат таму, Владата со парцијално решение за скандалот

Дел од големите фирми кои што го изиграа законот и се префрлија од слободниот на регулираниот пазар формирајќи фирми ќерки нема да имаат обврска да се вратат на слободниот пазар од 1 јануари благодарение повторно на недоречености но овој пат во одлуката на Владата. Станува за ланец на две бренда на аптеки и ланец на маркети, две осигурителни компании, голема лабораторија и приватен униврзитет кои и во 2023 година ќе користат субвенционирана струја како и домаќинствата.

Според одлуката на Владата, објавена во Службен весник на 9 декември, задолжителен транфеср назад на слободниот пазар ќе важи за само фирмите, класифицирани како големи потрошувачи, кои се префрлиле на регулираниот пазар од 1 јануари оваа година и не важи за компаниите кои тоа го сториле во текот на минатат 2021 година.

А за 48 часа истекува рокот кој го имаат Клиничкиот центар и Македонски железници транспорт да го подмират милионскиот долг кон ЕВН или да потонат во мрак бидејќи струјата ќе биде исклучена. Од ЕВН велат дека засега нема никакви уплати или најави за уплата на пари од овие две државни институции но премиерот Димитар Ковачевски пак соопшти дека Владата со пари од Буџетот ќе го подмири долгот на само на Клинички и Железници туку на сите државни институции ки не плаќале струја и се соочуваат со исклучување од системот во наредниот период.

Од ЕВН соопштија дека бараат гаранција од државата дека долгот ќе биде платен.

„Доколку „ЕВН Хоме“ како краен снабдувач добие гаранција од Владата дека долгот за потрошена електрична енергија од страна на институциите ќе биде платен, тогаш можно е да се одложи исклучувањето. Во спротивно ќе се реализира планот за исклучување“, велат од ЕВН.

Клинички, МЖ Транспорт, судовите, УКИМ, затворите и други инситуции веќе го добија известувањето од ЕВН дека се пред исклучување.

Клинички должи над 7 милиони евра во кои влегуваат и фактури од ГОБ 8 септември.  Сметките не се плаќале повеќе од три години. Железница пак должи над 6,5 милиони евра. Оваа фирма е и на листата на загубари и проблеми со финансиите има подолго време.

За останатите државни институции рокот за плаќање на сметките истекува на 22 декември.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе