Вести Македонија

Собранието не дозволи забрани за невакцинираните

Владата предложи, а Собранието едногласно го отфрли предлогот да се ограничи движењето на невакцинираните лица. Предлог законот оди на доработка за да утврди дали Уставот дозволува затворање на вратите за лицата кои не поседуваат сертификат дека прележале некоја болест или се вакцинирале. Но, и дали ова би се применувало само при епидемии од ковид или и во други епидемиолошки ситуации.

Седумдесет и осум пратеници едногласно го отфрлија предлогот да се забрани движење или „влегување во објекти на лица кои не се вакцинирани или не поседуваат потврда за прележана болест“. Пратениците од сите партии едногласно изразија сомневање дека тоа е противуставно и дека мора да се прецизира во кои случаи и кој ќе одредува кому да се забрани влезот во школи, банки или министерства.

Законот е повлечен од дневниот ред и вратен на доработка во Владата. Министерот Сали тврди дека тоа е парцијално читање на законот и дека сега само се ставаат во закон уредбите кои важеа за време на ковид-кризата.

Владата објаснува дека законот е во согласност со препораките на СЗО за засилување на националните системи за надзор над заразните болести. Токму затоа го носи и европското знаменце.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе