Вести Македонија

ЗНМ бира претседател и членови на управниот и надзорниот одбор и одборот на честа за здружението

Здружението на новинарите на Македонија денеска одржува редовно годишно изборно собрание на кое се избираат нов претседател, како и членови на Управниот одбор, надзорниот одбор и на Судот на честа.

Кандидати за претседатели се Младен Чадиковски, Марјан Николовски и Фиљана Кока.

За позициите во органите во ЗНМ вкупно има 47 кандидатури, од кои три за претседател на Здружението, 24 за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа..

ЗНМ е здружение на професионални новинари основано на 17 февруари 1946 година во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе