Вести Македонија

Пандемијата на ковид 19 заврши, но последиците останаа трајни

Со појавата на последната Омикрон варијанта, бројот на хоспитализации значително опадна, но голем број пациенти ги чувствуваат последици од коронавирусот. Првиот човек на Институтот за имунологија вели дека пандемијата е пред крај, но мора да останеме одговорни.

Во моментов течат студии во светот кои треба да ги систематизираат причините и ризиците кои водат до пост-ковид последици.Тие апелираат дека треба да се следат пост-ковид состојбите.-истакна директорот на институтот за имунологија.

Кардиолошките или невролошките последици кои се најчести, траат со месеци, а може и со години, во најлош случај трајни. Околу 500 лица секојдневно се на кардиолошки преглед, со симптоми на замор, краток здив, болки во градите. Меѓу нив најбројни се постарите, жените и невакцинираните

лево и десно срцева слабост, аритмии, венски тромбоемболии и воспалителни промени на срцето се пост-ковид кардиолошки проблеми според кардиологот андонова.

Невролозите велат дека поради тоа што ковидот го напаѓа мозокот, тоа влијае врз сите функции на органите, па затоа кај луѓето кои прележале ковид има нарушена свест, слаба меморија, па и носење на погрешни одлуки.

ковидот ја менува циркулацијата, има зголемена тромбоза, се зголемуваат мозочните удари и намалува имунолошкиот систем-вели неврологот тренчевска.

Коронавирусот ги напаѓаше долните дишни патишта и секојдневно ги полнеше болниците, одзеде многу човечки жртви. По појавата Омикрон варијантата ситуацијата се смири и сега пациентите се со инфекции само на горните дишни патишта.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе