Вести Македонија

Надеж за Синдикатот на УКИМ дека од идната година ќе земаат повисоки плати

Знак на надеж дека државата се грижи за високото образование и за вработените во оваа сфера. Со ваков впечаток излегоа од Сојузот на синдикати на УКИМ од денешната средба со претставници од Собранието на Македонија како основач на Универзитетот. Средбата беше одржана во рамките на 9 ден од процесот на помирување, откако Владата остана глува на нивните барања за овозможување повисок стандард. Како што кажа помирувачот, од претседателот на Собранието, добиле ветување дека до крајот на месецот ќе биде потпишан новиот Колективен договор, од кој наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ очекува зголемување на платите за по 25% во следните 4 години.

-Се усогласуваме за финансиските средства, за обезбедувањето. Нешто што не зависи само од него. Волјата истиот ја има да го потпише Колективниот договор уште денеска . Но, не е поентата , како што самиот изјави да се потпише нешто кое што не би можело во целост да се спроведе, вели помирувачот мимоза салтирова.

-Успеавме да добиеме ветување дека конечниот договор ќе биде потпишан најдоцна до 29 декември. Со тоа што на следната средба, на 9 декември ќе се сретнеме со министерот за финансии, да видиме како стои нивното размислување и просторот за нашите барања за 25% покачување во наредните 4 години, вели претседателот на Сојузот на синдикати на УКИМ Ангел Ристов.

На постапката на помирување меѓу Сојузот на синдикати на УКИМ и Собранието и претходеше борба на Синдикатите за правата, низ институциите изминативе две години. А, во јуни се одржа протест пред ректоратот, на кој вработените на Универзитетот изразија револт од ниските плати во однос на колегите во регионот, лошите услови за работа и недоволните средства кои се вложуваат во научно- истражувачката дејност.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе