Вести Македонија

Доцна отворен мејл – вчерашната дојава за поставена бомба во основно училиште во Петровец лажно пријавена како денешна

Дојавата за бомба во основно училиште во Петровец е всушност вчерашна порака, која била испратена до адресата на електронската пошта на директорката на училиштето „Кочо Рацин“, која дури денеска го отворила мејлот и ја пријавила вчерашната закана како нова.

„Бидејќи имаме повеќе училишта со името „Кочо Рацин“ моравме да извршиме проверка кај сите нив. Во тек е проверката и за Крива Паланка, објасни денеска првиот полицаец во земјава“ – изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој повтори дека дојавите доаѓаат најчесто од заштитени адреси од странство од каде е тешко да се дојде до факти и информации, поради што и не може да се покрене постапка. Спасовски вели дека е извршена комуникација со партнерските организации и дека преку меѓународна правна помош ќе мора да се обезбедат потребните информации и податоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе