Вести Македонија Најважни

Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ контра ДКСК

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети конта антикорупционерите – тврди дека внесуваат забуни и полувистини за случајот со синот на собранискиот спикер Талат Џафери. Но, сепак признава дека помалку од 200 студенти имале уверенија дека завршиле Правен факултет со седми степен во четири години, а всушност завршиле во три. За разлика од Антокорупциска тој говори само за периодот од една, а не од четири години како што истражувале  од просветниот инспекторат по барање на ДКСК. Иако, антикорупционерите утврдиле 449 дипломи  кои се спорни, Беџети тврди дека се работело за техничка грешка.

„Меѓу 2011 и 2012 година имало такви случаи каде се издадени уверенија со погрешно наведување на називот 7/1. Меѓутоа од 2012 натаму е се во ред. Во суштина нема грешка , има техничка администативна грешка и не во целиот период. И не е тој број на дипломи-437, туку е помал од 200. Но, и колку и да се и 2 дипломи да се е во ред.И не дипломи, туку уверенија“,изјави Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Но, меѓу овие таканаречени технички грешки како што ги нарекува Беџети е и Барлет Џафери кој според антикорупционерите успеал да положи и правосуден испит, а сè уште немал завршено факултет. Претседателката на ДКСК кажа дека нивната истрага запрела зашто не откриле дали тогашниот министер за правда Аднан Јашари или лице овластено од него му дозволило на младиот Џафери да полага правосуден, пред време. Така се постапувало до промената на законот во 2019 година и дека случајот со синот на Талат Џафери не е единствен.

„Ние се обративме до Инспекторатот и побаравме да оди на Универзитетот и да провери во периодот од 2008 и 2012 година, значи земавме пред и по неговото дипломирање на тој факултет, да види колку има такви случаи студенти што завршиле 3 години, а добиле 7/1 степен на образование. Знаете која е бројката? – 449 студенти. Значи тоа е појава“, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

И од Просветниот инспекторат потврдуваат дека при надзорот утврдиле дека се работи за 449 студенти со уверенија за завршен Правен факултет на УЈИЕ, во траење од шест семестри и усвоени 180 кредити.

За целиот случај се огласија и од Правниот факултет во Штип, од каде велат дека проблемот е и во законската регулатива и во човечкиот фактор.

„Недостатокот или недореченоста на законската регулатива исто така влијае, меѓутоа мислам дека човечкиот фактор  или онаа матрица која што постои во општеството и генерално самите состојби директно влијаат и се производ на сето она што ни се случува во овој момент. Но, во наредниот период треба сериозно да се занимаваме со квалитетот на законските решенија што се носат“, изјави Лазар Нанев, професор на Правен факултет Штип.

За кандидат да може да полага правосуден испит, покрај дипломата за завршено високо образование, треба да има една година стаж кај адвокат, нотар или во обвинителство и три години во администрација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе