Вести Македонија

Мицкоски: Владата увезуваше струја по цена од еден милион евра дневно

Од 7 ноември до 30 ноември, за 23 дена, Владата увезе електрична енергија во вредност од 23 милиони евра со што секој ден се увезуваа по електрична струја во вредност од по еден милион евра, пари платени од граѓаните, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, изврши увид на градежни активности на улицата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ во Кавадарци.

„Сега направиле нов тендер за првите четири дена од декември, а зимата се уште календарски не е почната. И повторно ќе увезуваат, а проценката е дека оваа набавка ќе чини нови осум милиони евра“ – рече Мицкоски.

Запрашан да ја коментира најавата од Владата дека ќе има струја за граѓаните, Мицкоски меѓу другото нагласи дека власта најавувала оти целосните потреби на граѓаните ќе бидат задоволени од домашно производство и дека нема да се увезува струја, но, според него, тоа не е случај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе