Вести Македонија

Кривичен најавува парична казна за бирото за судски вештачења доколку до 5-ти декември не заврши супер вештачењето

Претседателот на Кривичен и судијката што го води предметот „Ласкарци“, за сообраќајната несреќа во која загинаа 16 луѓе а 37 беа повредени, денеска се сретнале со роднините на жртвите.

Ова следува откако претходната недела, роднините бараа средба и изразија незадоволство од одолговлекувањето на предметот заради супер вештачењето и се посомневаа дека целта е да се спасат обвинетите. Од Кривичен денеска најавуваат дека поради недозволеното одолговлекување, бирото за судски вештачења ќе биде парично казнето, доколку до 5-ти декември во судот не пристигне завршеното вештачење.

Во продолжение го пренесуваме соопштението од судот:

„Надлежниот судија и претседателот се согласни со претставниците на оштетените дека постои застој во постапувањето по конкретниот предмет, кој застој не е по вина на судот. Заради тоа, оштетените беа детално и со сите писмени известија и ургенции, запознаени за сите дејствија кои судот ги има преземено изминатава година за навремено добивање на супервештачењето од надлежното Биро за судски вештачења, кое е неопходно за завршување на доказната постапка и донесување на првостепена пресуда.

До овој момент судот има доставено 10 писмени ургенции до Бирото и пред секоја насрочена расправа телефонски го контактира директорот на Бирото со барање супервештачењето да биде завршено во најкус можен рок и предметот да биде вратен за да продолжи главната расправа. За ургенциите, но и причините за застојот во постапувањето, судот го има известено и Судскиот совет на РСМ, а на неодамнешната средба во судот, на новинарско прашање, свој став околу супервештачењето даде и Министерот за правда.

Заради недозволеното одолговлекување на супервештачењето, Судот денеска писмено се обрати до Бирото со напомена дека доколку до 05.12.2022 година предметот со сите списи и со изготвни вешт наод и мислење на биде вратен во судот или доколку од страна на вештите лица не се достави образложен извештај со причини зошто вешиот наод сеуште не е изготвен, судот ќе биде приморан да ја искористи Законската можност за парични казни на Бирото за судски вештачења, согласно член 237 ст.3 од ЗКП, како последен инстурмент кој му стои на располагање.

Судот уште еднаш ја известува јавноста, дека ги има преземено сите мерки за судење во разумен рок, дослено почитување на правата на странките и првостепено завршување на предметот. Заради сензибилноста на случајот, предметот се водеше со забрзано темпо во услови на Ковид ограничувања и беше испратен на супервештачење, заради две претходни спротиставени наоди, како што налага ЗКП, а со цел да не се направи суштинска повреда во првостепената постапка“ – соопшти Кривичен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе