Вести Македонија

Центарот за македонски јазик во Грција официјално регистриран како невладина организација

Центарот за македонски јазик во Грција со задоволство објавува дека официјално е регистриран како невладина организација од страна на судските власти во Грција, соопштија на Фејсбук од Центарот, објавувајќи и документи, како од Статутот, така и од одлуките на судот во Лерин, каде што е и регистриран.

Според соопштението од Центарот, ова е „историско признавање на Македонците во Грција“, а барањето за регистрација на организацијата „беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година“, додека последните административни работи поврзани со регистрацијата, како што велат биле завршени минатата недела, при што судот официјално го одобрил и статутот на организацијата.
-Сакаме да нагласиме дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција. Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик, при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо, соопштуваат од Центарот на Фејсбук и додаваат дека „одлуката на судот претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи после пописот на населението во Грција од 1920 година“.

Во текот на летото беше лансиран официјалниот сајт на Центарот за македонски јазик во Грција, меѓутоа засега не постојат дополнителни информации ниту околу професорите кои ќе предаваат македонски јазик, ниту пак за основачите на Центарот, а наведуваат дека часовите се бесплатни.
Согласно Договорот од Преспа од 2018 година, македонскиот јазик беше признаен како официјален јазик на Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе