Вести Македонија Топ вести

Нема договор меѓу градот Скопје и приватните превозници

Хаосот во скопскиот јавен превоз продолжува. Скопјани утре повторно со главоболки како ќе стигнат до своите работни места, домови и училиштата бидејќи утре двете здруженија на приватни превозници, „Собода превоз“ и „Макекспрес“ ќе ги паркираат автобусите и ќе излезат на протест. Причината е долгот кој Град Скопје односно ЈСП го има кон приватните превозници а е во износ од над еден милион евра.

Денешната неколкучасовна средба на градските власти и превозниците без епилог.

Приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ со заеднички сили ќе се борат да ја истераат правдата со ЈСП, но и градот Скопје.

Граѓаните револтирани велат „Чекаме долго и плаќаме месечни карти, а превоз немаме.“

Инаку пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплатени плати. Веднаш потоа приватните превозници на „Макекспрес“, исто такa поради долг кој не можеа да го наплатат од ЈСП, односно Град Скопје, прекинаа да ги превезуваат патниците на нивните линии а тоа повлече протест на ученици од скопски Сарај, кои ги користат линиите 56 и 56А кои имаа проблеми да одат на училиште.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе