Вести Македонија Топ вести

Студентскиот оброк пред пратениците

Предлог на закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, е на дневен ред на продолжението на 91. седница на Собранието.
Со Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно.

Од СДСМ велат дека станува збор за преодно решение за продолжување на исплатата на субвенционираниот студентски оброк со истите услови како и досега со траење до март 2023 година. Предвидува сите студенти кои и досега земале и ги исполнуваат условите со сегашното решение да продолжат да земаат 120 денари за студентски оброк до 15 март 2023 година, а потоа да се изгласа ново решение во договор на работната група..

Студентите треба да добијат посебни платежни картички кои ќе можат да ги користат само за студентски оброк во одредени локали. Ќе има ретроактивна исплата на субвенција за студентски оброк од 15 септември до сега, а ќе бидат вклучени и новозапишаните студенти.

Од опозицијата обвинуваат дека со новото законско решение се изигруваат студентите со кои на средбите во Собранието било договорено, како што кажаа, субвенционираниот студентски оброк да биде 140 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе