Вести Македонија

Протече кровот на зградата во која е сместен Уставниот суд

Одбележуваат 31 година од македонскиот Устав, а се плашат за сопствената безбедност. На ова аматерско видео се гледа протекувањето од кровот на зградата на 5 кат, каде е сместен Уставниот суд. Како што дознава Телма, вода по ѕидовите има во две канцеларии, а едната е на секретарката на претседателот на Уставен. Има одронување по ѕидовите и покрај тоа што деновиве немаше обилни врнежи. Се сомневаат дека се работи за насобрана вода од дождовите во септември и октомври. Уставен е сместен во истата зграда со Државниот архив, на два ката под него. За проблемот вработените алармирале таму зашто се сомневаат дека поплавата дошла од кај Архивот, сместен на два ката под кровот .

„Со оглед дека во одреден момент после протекувањето се појави и краток спој со електричната енергија, Уставниот суд веднаш испрати информација до СОЗР при Владата и побара помош за решавање на проблемот“, нагласуваат од Уставниот суд на Македонија.

Вчера минала инспекција и констатирала дека проблемот доаѓа од кровот, кој треба да се изолира. Телма стапи во контакт со директорот на Државниот архив, Емил Крстевски, но тој демантира дека проблемот е од кај нив.

„Ние пред неколку недели заедно со Археолошкиот музеј ги исчистивме олуците на згарадата. Штети кај нас не се направени. Штетата е повеќе во Уставениот суд и во Археолошкиот музеј“, изјави Емил Крстевски, директор на Државниот архив.

Од Археолошкиот музеј кој е сместен во истата зграда, под Уставниот суд, потврдија дека со Архивот ги исчистиле олуците, но велат дека нема поплава кај нив. И од Уставен се децидни дека учествувале во чистењето на олуците и во поделбата на трошоците за чистење.

Според „Син штит“, здружение за заштита на културното наследство во опасност, пред проектирањето на објектите на Вардар не е направена евалуација за можни кризи и несреќи.

По обилните дождови кои предизвикаа поплава во зградата во 2018 година, Владата донесе одлука за градење нова за Државниот архив и санација на сегашната. Иако требаше да го поправи кровот, претходното раководство на оваа институцијата не го направи тоа. Проблемот ќе биде разгледан кога ќе се создадат услови за тоа, велат од Владата зашто последниве години биле фокусирани на справување со последиците од пандемијата, а сега и со економската и енергетската криза.

Објектот во кој се сместени Уставен, Архивот и Археолошкиот музеј беше пуштен во употреба 2014 година, а за изградбата беа потрошени 42 милиони евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“]

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе