Вести Македонија Топ вести

Дворски игри или пропуст на безбедносните служби – експертите контра министерот Спасовски за случајот Онишченко

Во Македонија коњички натпреварувач, во Украина осомничен криминалец, во САД на црната листа, а последната улога која самиот ја соопшти во интервју за „Слободен печат“ е дека во Германија е инвеститор. Јавноста чека одговор како контроверзниот украинец Олесандер Онишченко добил македонско државјанство и како успеал да ги мине филтрите на македонските служби и покрај тоа што неговото име се споменува во многу контроверзи, но е ставено и на црната листа на САД.

Но, тоа не било проблем Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да даде позитивно мислење, тврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Не значи дека станува збор за криминалец, а за информацијата дека по него била издадена потерница од внатрешни тврдат дека е неточна. Познавачите, пак, сметаат дека во овој случај има доза на влијание но едногласни се дека треба да се слушне и другата страна.

За универзитетскиот професор, Марјан Ѓуровски во овој случај можно е да има елементи и на дворски игри и подместувања во именувањето на нов директор на АНБ, бидејќи Димовски

Директорот на АНБ пак Виктор Димовски своето објаснување за случајот го одложи поради службено патување, но ќе реферира утре пред собраниската надзорна комисија. Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација.

Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. Но како ги поминал безбедносните филтри, одговори чека и премиерот. Пред да добие документи од земјава, Онишченко тврди дека добил и германски документи каде во моментов е и неговото живеалиште, а води и сопствена компанија во земјата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе