Вести Македонија

Почна судењето за фалсификуваната лиценца за автобусот на Беса транс, управителот не се чувствува виновен

Една година по трaгичната сообраќајка во Бугарија, во која загинаа 45 луѓе, во Скопје почна судењето против управителот Беким Хаџиу кој е обвинет дека автобусот на Беса Транс ја минува границата со лажен извод од лиценца. Хаџиу во судница денеска рече дека не се чувствува виновен, откако обвинителот кажа дека со фалсификуван изводот од лиценца за меѓународен сообраќај автобусот ја минал границата лани 20 пати во периодот од 10 јануари до несреќата во ноември.

Прв сведочеше претставник на Mинистерството за трнаспорт и врски кој кажа дека компанијата Беса транс имала лиценца за меѓународен превоз на патници. Ѝ биле издадени изводи од лиценци за пет возила, но автобусот кој направи сообраќајка немал таков доккумент. Според одбраната со ова сведочење се негира обвинението. Непоседувањето на извод го оправда со пандемијата.

Автобусот на Беса транс го отвори патот и кон предистрагата за станицата за технички преглед каде последно бил прегледуван. Станицата била затворена три дена по несреката во Бугарија иако инспектори на МВР уште неколку месеци претходно предлагале привремено затворање.  Но до тогаш министерот не потпишувал.

Предметот е во предистражна постапка, во моментот се анализира прибраната документација, влеат од обвинителството за организиран криминал. Таму утре ќе седне новиот шеф Ислам Абази откако ќе даде заклетва во Советот на јавни обвинители. Токму овој предмет е еден од неколкуте сензитивни за кои неговата претходничка најави дека ќе му ги посочи да им посвети посебно внимание. Другиот е за финансиската полиција. Претресот во оваа институција ѝ донесе суспензија, кривична пријава и дисциплинска постапка на досегашната шефица Русковска.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе