Топ вести

Русковска: Пред две недели дознав дека ги празнат фиоките на моето биро во Обвинителството

Обвинителката Вилма Русковска пред две недели дознала дека се формирала комисија во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и дека ѝ ги пазнеле фиоките од бирото.

„Колегата Трајче Пеливанов, кој беше назначен од Советот на јавни обвинители да раководи со Обвинителството додека трае моето времено оддалечување, ми се јави и ме повика да одам да извршиме примопредавање на предметите. Му реков дека нема зошто да одам, му кажав каде е едниот предмет, каде е другиот предмет и да ги земе и да ги распредели по обвинители. Пред две недели разбрав дека формирале комисија и дека ми ги празнеле фиоките од бирото“, изјави Русковска вечерва во интервјуто на „Топ тема“.

Русковска пред суспензијата беше ангажирана во предистражни постапки на два предмета – за Финансиската полиција и за станицата за технички преглед во која беше извршен технички преглед на автобусот што изгоре во Бугарија и, за жал, загинаа 45 лица.

„Кога со наредба на суд вршиме претрес било каде или кај било кого, мора сопственикот да биде присутен или членови на негово семејство. А, замислете, тие воопшто не ме информираа и мислам дека тоа е незаконски. И ако не е незаконски, мислам дека е навистина недозволиво. Не знам кој им била причината да ми ги празнат фиоките, затоа што дента кога го добив решението за времено оддалечување, ако имав нешто да сокријам, ќе го земев со мене. Тој ден, како и секој друг, си отидов од работа“, вели Русковска.

Русковска е една од петте кандидати кои поднесоа пријави за шеф на ОЈО ГОКК. Останатите четворица се Ерман Незири од Скопското обвинителство, Енгелуши Кадриу Леши од ОЈО ГОКК, Ислам Абази и Деса Пауновска, двајцата од Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе