Вести Македонија Топ вести

Ердоган се договорил со Путин, Европа да добива руски гас преку Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за формирање центар за природен гас во Турција преку кој Европа ќе може да се снабдува со неопходниот енергенс престојната зима.

– Во Европа сега се занимаваат со прашањето како да се стоплат претстојната зима… Ние немаме таков проблем… Со Владимир Путин се договоривме за создавање на гасен центар во нашата земја преку кој, природен гас може да се испорачува и во Европа, истакнал Ердоган пред членовите на неговата партија во парламентот. 

Американскиот Стејт департмент е против создавање гасен центар, најавен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе биде изграден во соработка со Русија.

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател изјави дека САД ги охрабруваат своите сојузници да преземат чекори за диверзификација на нивните извори на енергија и намалување на енергетската зависност од Русија.

– Конкретно во случајот со Турција, ние тесно соработуваме со неа за да ги поддржиме нашите сопствени напори за зајакнување на долгорочната енергетска безбедност, истакна Пател.

Тој се осврна и на санкциите против Русија.

– Им објаснивме на Турција и на сите наши сојузници и партнери оти никој не треба да стане безбедно засолниште за нелегални руски средства и трансакции, подвлече Пател.

Заменичката на министерката за финансии на САД, Елизабет Розенберг оваа недела беше во тридневна посета на Турција. Според соопштеното, нејзините средби „ја потврдиле важноста на блиската соработка меѓу САД и Турција во справување со опасностите предизвикани од заобиколувањето на санкциите и други незаконски економски дејствија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе