Вести Македонија

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на село Градец,  лишиле од слобода 23 годишен жител на Лозово.

Според МВР, тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и приведен.Во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против 23 годишниот криумчар ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе